ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/8/20 9:10 AM

#Седидома: Готвам, компонирам и пеам, вака Александар Тарабунов го користи времето во самоизолација

Пејачот Александар Тарабунов вели дека воопшто не му паѓа тешко седењето дома. Наоѓа многу работи што може да му го направат и седењето и животот воопшто подобар, поубав и попродуктивен.

Сакам на сите да им кажам дека не треба да се нервираат и да паѓаат во депресија. Таква е состојбата и мора да се издржи. Сакам да им порачам да си се посветат сите на тоа што ги интересирало секогаш а за тоа немале време. Да си најдат нешто што ќе им биде интересно,  работат на тоа или на некое хоби.  Навистина секој може да си најде занимација за да не им биде досадно. Јас почнав да учам продукција  и си направив домашно студио. Постојано учам и компонирам нови работи и за мене и за други пејачи.  Снимам кавери по дома и ги постирам на Инстаграм и на Фејсбук, вели Александар.

Во низата работи со што си го прави животот поинтересен во самоизолација, тој вели дека и излегува на воздух да се прошета или да вози точак, но притоа, вели,  нема контакт со луѓе.

-Освен музиката си најдов и уште една друга занимација која ме прави среќен. Тоа е готвењето. Готвам и тоа постојано.  Многу сум искусен во готвење и мислев дека немам што повеќе да учам. Но, како заседнав дома, пак си наоѓам рецепти на интернет и си ги испробувам. Последено што  пробав да правам е октопод на скара, со варени па потпечени  компири, со маслинов зејтин, лимон и органи. Многу беше вкусно. Прсти да излижеш, додава тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1