ММС

#Седидома: Го книжам животот,па несебично сум го „абел“ на луѓе што не заслужиле ,на еднонасочни љубови, вели пејачот Нино Величковски

Кумановскиот фолк пејач Нино Величковски, кој важи за еден од најголемите шегаџии на естрадата и боем, како и сите ние вели дека седењето дома не му е тешко. Дека и тој сега има време да прави нешто што досега не го правел а тоа е- размислувањето. Вели: „Да ставиш прст на чело и да си го враќаш филмот. Што сум направил, а што се сум можел да направам. Кому, зошто и колку   сум му обрнал внимание и дали требало“. И тоај како и сите ние во себе има илјадо зошто и илјада затоа.

-Во ова време -невреме, еве шанса да најдеме повеќе време за себе и за семејството. За оние што не опкружуваат и ни го чинат животот поубав! Еве јас лично си дадов за задача да гледајќи стари фото албуми и споменари се обидам да го книжам животот.  Да направам една ретроспектива и да се преслушам и прашам  што се сум направил и што се сум можел да направам. На прва ми падна на ум дека сум имал години кога несебично сум се трошел или по кумановски абел на луѓе кои тоа воопшто не го заслужувале. На луѓе на кои сум подарил многу љубов и внимание . А за возврат ?  Ништо. Љубовта била еднонасочна! Или пак била моја погрешна проценка. Погрешен избор, вели Нино и додава:

„Значи. Во некои години сум имал обид да направам ревизија на се она кај што несебично сум се давал и трудел да дадам се од себе. Да, тоа годините го прават своето,  да направиш селекција и да го искористиш своето право на избор! Да бираш и да бидеш избран.  Е тие анализи и книжење на животот  во овој миг ми помагаат да ги одвојам битните и приоритетните ситуации и луѓе во мојот живот и да потврдам и увидам дека животот е еден и дека треба да се живее со полни гради.  Дека треба да се радуваме на секој миг од нашиот живот. Да не ги заборавиме основните вредности.  Да се задоволиме и да сме среќни со онаа што го имаме. Да и се вратиме на природата и да се радуваме на секој нов ден. Затоа што не знаеме кој колку ни значел во животот додека  не дај Боже го изгубите“, вели тој.