ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/4/20 7:59 PM

Вардаровите навивачи се неверојатни, изјавил голманот на Кил, Дарио Квенштет

Голманот на екипата на Кил, Дарио Квенштет  за германски медиуми рекол дека  еден од најнезаборавните моменти во неговата кариера е настапот во Скопје, кога  гостуваше во СЦ „Јане Сандански“. Причина за воодушевувњето е навивањето и поддршката од трибините, бидејќи биле  голема поддршка на вардаци.

„Од натпреварите во Лигата на шампионите се сеќавам на гостувањето во Скопје. Иако го победивме Вардар на тој натпревар и бевме подобри на теренот во секој поглед од играта навивачите дадоа неверојатна поддршка на своите миленици. Дури имаше и пиротехника во салата. Се чувствував како да се наоѓам на фудбалски стадион, а не во сала. Досега никогаш не сум видел нешто слично на натпреварите во ракомет“, рекол Квенштет.

Фото: handball-world


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7