ММС

Нашите функционери не кажуваат каде имаат сопствеништво и колкави им се уделите (видео)

Миша Поповиќ oд Институтот за демократија (ИДСЦС) во Стадион на Канал 77 го коментираше делот од корупција, познат како трговијата со влијание.

Како пример на пракса ја спомена американската, каде  кога еден сопственик на компанија  кога добива политичка функција,  управувањето во компанијата го отстапува на тнр.  „слеп труст“ и нема никакво влијание во носењето на деловни одлуки и управување во време кога е на јавна функција.

-Дополнително ги објавува и интересите, односно сопствеништвото. Освен во Антикорупциска корупција, не се објавуваат интрересите на фунционерите каков удел имаат во компаниите и нивните блиски.

Потенцијано искостисување на позиција за да обезбеди подобри услови за себе и спречување на конкуренцијата, вели Поповиќ.

Во Стадион ги разгледувавме случаите на сомнителни јавни набавки, како таа на шест општини преку нивните јавни претпријатија, кои потрошија над половина милион евра за набавки на машини за чистење на улици од компанијата „Брако“ од Велес, компанија на поранешниот вице-премиер Кочо Анѓушев, во периодот 2018-2019 година кога тој беше член на Владата.