Лишени од слобода насилниците од вознемирувачкото видео
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/2/20 2:50 PM

Лишени од слобода насилниците од вознемирувачкото видео

Во врска со видеото кое што од утрово се споделува по социјалните  мрежи од СВР Штип информираат дека од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки  за утврдување на идентитетот на лицата.

„ По преземените мерки лишени се од слобода две лица на возраст од 23 и 26 години.за конкретниот настан и преземените мерки известено е ЈО и надлежниот центар за социјални работи“, информира потрпаролот на СВР Штип , Гордана Панајотова.

Претходно Министерот Наќе Чулев  ги објави и иницијалите на инволвираните лица, С.А и П.Р.

Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице. Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица. Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата.

Наспроти неоспорната вознемирувачка содржана на видеото, постојат шпекулации дека видеото не е ново, од деновиве, туку веројатно постаро, додека за девојката се зборува дека била бремена и родила. Службите водат разговори со сите инволвирани актери, вклучувајќи ја и девојката, на која и’ е понудена помош.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7