ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/2/20 8:49 AM

Нов хрватски пакет: Нови четири милијарди евра за фирмите и работниците

Хрватската Влада се очекува денеска да усвои нов пакет мерки за помош на стопнаството и граѓаните „тежок“ четири милијарди евра. Со него се предвидува сите фирми што во моментот не работат да не мора во следните три месеци да плаќаат данок на добивна и доход и разни други придонеси, помеѓу другото и за ТВ-претплата на ХРТ.

Сите фирми што работат со тешкотии за секој работник ќе добијат надоместок од 530 евра, а државата ќе ги сноси и дополнителните трошоци на тие плати. Се предвидува дека речиси 600.000 работници ќе ја користат таа мерка. Неа веќе сега ја користеле 300.000, откако беше усвоен првиот пакет, кој исто така изнесуваше четири милијарди евра. Компаниите на кои приходите им опаднале за 20 до 50 отсто ќе имаат можност да ги платат даночните обрски во следните 24 месеци без камати.

Хрватска преговара со Светска банка, Европската централна банка и со Европската комисија, а размислува и за емитување обврзници.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7