ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/1/20 6:39 AM

Бугарија: Пратеник позитивен на Ковид-19, ќе биде тестиран цел парламент

Претседателката на бугарскиот парламент синоќа соопшти дека еден пратеник е позитивен на Ковид-19. Станувало збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи (ДПС), Хасан Адемов.

Таа дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и во текот на денешниот ден ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија. Останатите службеници во Народното собрание ќе бидат тестирани в четврток.

Дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори парламентот и за администрацијата и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за утре.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7