ММС

Владата ќе ги помогне спортистите со минимална плата

Спортистите во нашата земја ќе добијат државна помош, најави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Имено, за месеците април и мај од Владата ќе им биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари на сите спортисти и вработени спортски работници.

Ова е мерка е дел од економските мерки од Владата со цел да се помогне во намалување на економските штети предизвикани од Корона вирусот.