ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 12:17 PM

Иран не може да најде противник за пријателски натпревар

Селекторот на иранската фудбалска репрезентација, Карлос Квеирож се пожали на недостатокот на пријателски натпревари во подготовките за Светското првенство, откако претходно закажани натпревари со Иран беа откажани од националните тимови на Грција и на Косово.

„Критичарите многу говорат за нашата игра. Но, тие исто така имаат разбирање дека никој не сака да игра против Иран. Ние сме во тешка политичка ситуација“, изјави Квеирож.

Иранците имаат договорено пријателски дуел на 8 јуни во Москва со Литванија, но останува да се види дали ќе биде одигран.

Иран е во Б-групата заедно со Португалија, Шпанија и Мароко.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1