ММС

Ординација д-р Анчевски ќе работи со скратено време од 09 до 16 часот

Почитувани, со оглед на моменталната состојба на пандемија и прогласување на вонредна состојба, Ве информираме дека Ординација д-р Анчевски ќе работи со скратено работно време од 09 до 16 часот. Согласно препораките за намалување на потенцијален  ризик при работењето, бројот на пациенти ќе биде сведен на минимум, а приемот ќе се врши исклучиво со претходно закажан термин.

Ординација д-р Анчевски ги превзема сите мерки за заштита на здравјето на пациентите и вработените притоа редовно се врши дезинфекција, а просториите се опремени со средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици.

За дополнителни информации и закажување на термин јавете се на тел 02 321 66 08.