ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 12:10 PM

Eкстремистите излегуваат од затвор, Британија во паника

Британските власти работат на нова стратегија против тероризмот, поради најавите дека оваа година од затвор ќе бидат ослободени десетина осудени екстремисти.

Британскиот министер за безбедност изјави за Би Би Си дека стратегијата има за цел да ги убеди осудените екстремисти да се откажат од екстремистичката идеологија, а еден дел од стратегијата ќе вклучува надзор на ослободените екстремисти.

Другиот дел од стратегијата предвидува британските безбедносни агенции да имаат можност да споделуваат информации за сомнителни лица со владините агенции и локалните власти.

“Гардијан” пренесе дека оваа година ќе бидат ослободени околу 80 лица, но и дека бројот може да биде многу поголем бидејќи во одредени случаи затворениците можат да бидат ослободени откако ќе отслужат половина од казната.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1