ММС

Во голем шумски пожар во Кина загинаа 18 пожарникари и еден шумар

Во шумски пожар што вчера изби во Сичуан, југозападна провинција на Кина, додека се обидувале да го изгаснат, загинаа 19 луѓе, од кои 18 пожарникари и еден шумар, објавуваат кинески медиуми.

Загинатите биле дел од големата екипа од 300 пожарникари и 700 војници што се обидувале да го локализираат големиот пожар.

Во Сичуан минатата година загинаа најмалку 27 пожарникари и тројца локални жители во друг голем шумски пожар.