ММС

Кина го слави „дедото на нацијата“: Ги победил Ковид-19 и САРС

Вирусот Ковид-19 е совладан само затоа што докторот Жонг Наншан забранил секакво движење во најзагрозената област, барајќи луѓето да се воведат во строга изолација 24 часа дневно. Тој во 2003 година го победил и САРС, јавуваат агенциите.

Жонг Наншан ја завршил најважната работа – 50 милиони жители на провинцијата Хубеи сега дишат со полни бели дробови. Пред неколку дена се укинати рестрикциите за движење во таа најпогодена провинција, а последните жители на Вухан, најголемиот град во неа, ќе излезат од карантин на 8 април. Животот се врати. За тоа што 50 милиони жители на тој дел од Кина повторно дишат со полни бели дробови заслужен е д-р Жонг Наншан, епидемиолог и пулмолог.

Нациолнален херој, „дедо на нацијата“, го нарекуваат кинеските медиуми, а се печатат и календари со неговиот лик. Доктор Наншан има 84 години, иако изгледа многу помлад. Професор е на Универзитетот во Гвангжу. Одамна е во пензија, но кинеските власти биле во право кога одлучиле да го активираат. Требало да се врати изгубената доверба во службениците во Вухан, кои не кажале веднаш дека новиот вирус не е под контрола.