ММС

Во Њујорк вплови болница на вода со 1.000 кревети и 1.200 лекари

За да го намали притисокот врз болниците поради коронавирусот, во Њујорк, кој е најпогоден во САД со епидемијата, пристигна воен брод-болница со 1.000 кревети. На бродот „УСНС комфорт’, со 1200 лекари и друг медицински персонал и со 12 хируршки сали, ќе се лекуваат пациенти на интензивна нега кои не се заболени од вирусот, за да им се овозможи на болниците да се концентрираат на Ковид-19.

„Фактот што морнарицата е тука, што војската е тука за да му помогне на Њујорк е многу важен .На жителите што многу страдаат во последните неколку недели им се подигна моралот. Сите сме погодени, потребна ни’ е помош“, изјавил за Си-Ен-Ен градоначалникот Бил де Ласио.