ММС

Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан

Бројот на заболени, на починати, но и на излекувани од Ковид-19 во светот се зголемува. Според последните податоци некаде од синоќа, до вчера бројот на заразени изнесувал околу 760.000, од кои 410.000 се во Европа, а 150.000 во САД. Вкупно оздравеле околу 160.000 заболени.

Вкупниот број на починати се зголеми на околу 36.000, од кои 26.000 се во Европа. Водечка на трагичниот список е Италија со околу 11.500 починати, пред Шпанија со околу 7.500, Кина, која остана на бројката од околу 3.300 мртви, Франиција која вчера ја достигна бројката од 3.000, САД со околу 2.700…

Зголемување на бројките има и на Балканот. Во Македонија до вчера имаше 285 заболени, 12 излекувани и седуммина починати. Во Хрватска до до синоќа беа регистрирани 790 заболени, 64 излекувани и шестмина починати, во Србија – 785 заболени и 16 починати, Црна Гора – 91 заболен и двајца починати, Словенија – 756 заболени и 11 починати, Турција – 10.827 и 168 починати…