ММС

Објавено на: 03/31/20 5:57 AM

Време: Денеска дожд и максимални 16, утре, првоаприлски, некаде и снег и максимални само 7 степени

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта, e прогнозата на УХМР за денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а на планините снег. Поради заладувањето и спуштање на температурите само на максимални седум степени, врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка. В четврток и в петок ќе настапи стабилизирање на времето, ќе има благо покачување на дневните температури, но минималните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат под нулата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.