ММС

Го избркале од работа бидејќи ги терал докторите да мијат раце- таткото на хигиената умрел докажувајќи дека инфекциите се од бактериите по рацете

Во денешно време звучи неверојатно, но некогаш миењето раце се сметало за губење време. Унгарскиот лекар Игнац Земелвајс (1818-1865)  ја почнал револуцијата во историјата на медицината со својата теорија за хигиена на рацете, а ја открил во општата болница во Виена. Теоријата за миење раце се родила кон средината на 19 век, кога унгарскиот гинеколог почнал да работи на породилното одделение на виенската општа болница во 1846. година.

Веднаш ја забележал големата стапка на смртност на родилките во своето одделение. Дури 30 проценти од пациентките умирале по порувањето од породилна грозница. Земелвајс  направил споредба со други оделенија кои место лекари, ги воделе бабици и заклучил дека нешто не е во ред. Бргу увидел дека постои врска меѓу хигиената на рацете и стапката смртност на родилките. Сам спровел истражување во кое на медицинскиот персонал им наредил да мијат раце и да ги дезинфицираат со раствор од хлор. Тоа време во медицината било пракса над сите починати да се прави аутопсија. Меѓу сецирањето на трупот и породувањето на  лекариите не им паднало на памет да ги дезинфицираат рацете. Тогаш се уште не било познато дека ако не се мијат и дезинфицираат нашите раце се полни со бактерии. Затоа и родилките заболувале од инфекција и умирале.  Тој им советувал на лекарите дека пред секоја операција мора да ги измијат рацете и хируршките инструменти во раствор од хлор, по што смртноста на родилките се намалила од 12,3 на 1 процент.

  Унгарскиот лекар Игнац Земелвајс (1818-1865)

Ова сознание било револуционерно. Но, поради ова истражувачот наишол на бес и негодување од постарите колеги. Иако некои го подржувале, сепак, повеќето се обидувале да го дискредитираат. Не можеле да сфатат дека покрај тоа што ги лечат и им наштетуваат на пациентите. Многу од лекарите не ни помислиле да да признаат дека Земелвајс е во право, бидејќи тоа би значело дека се виновни за смрт на многу пациентки.  Избивале многу жолчни расправии, а лекарите му зборувале дека измислува и фантазира.

На Земелвајс, по наговор на неговите противници не му бил продолжен договорот во 1849. Година, па се вратил во Пешта и објавувал стручни трудови за инфекции кои се јавувале како резултат ако редовно не се мијат и дезинфицираат рацете.

Никогаш не се помирил со фактот што Виена ги отфрли  неговите тврдења. Недоволно признат и исцрпен од борбата со своите противници, сместен е во психијатријската болница Деблинг крај Виена, каде умрел под неразјаснети околности. Името “Земелвајс” не влезе само во сите историски и медицински учебници, туку и во речникот на многу јазици. Постои израз “Земелвајс рефлекс“ кој го опишува  моменталното отфрлање на некое ново научно сознание, односно информации во корист на воспоставените пракси без претходна проверка или размислување за неа. Но, Земелвајс и денес важи за “Татко на миењето раце” и “Спасител на мајките”.

Извор: mondo.rs