ММС

#Седидома: Не жалете за „кафана“, таа е во втор план, сега е време за живот со семејството, вели пејачката Сани

Фолк пејачката Сања Гроздановска Сани е една од ретките која вели дека не се здосадува дома. Дека самоизолацијата е тоа како и дошла добро за да се дружи со семејстворо, бидејки поради работните обврски во времето пред Коронавирусот тоа го немала.

-Прво, морам да признаам дека на самиот почеток ми беше добро дојдена целава приказна. Ми недостигаше семејството и времето кое се поретко имав шанса да го делам со моите најсакани. Работните обврски и секојдневието не заслепи. Почнавме да ги губиме вредности

                                                Сања со сопругот Мартин и ќерките Викторија и Ева

те на животот. Сега после толку време конечно можам да кажам дека сум наспана и исполнета во секоја смисла на зборот. Времето што го поминувам со сопругот и своите две прекрасни керкички е едиствениот лек против ова лудило, вели таа.

Секој што е совесен  не може да каже дека дома му е досадно и дека не знае што да прави со себе. Сања вели дека има многу работи, меѓу кои е и размислувањето.

– А што правам и како си го поминувам денот е само надокнадување на сето она за кое немав време во претходниот период. Читам, играм со моите деца, измислуваме приказни, се шминкаме, се фотографираме, се смееме, готвам и воопшто не внимавам на мојата линија. Хахаха таа ми е од господ дадена да биде совршена. Она што го научив овие денови кога сите ние имаме повеќе време за размислување е тоа дека сме заборавиле да ги цениме работите што не опкружуваат- семејството, пријателствата, љубовта, смеата. Научив дека ништо нема поголема вредност од животот и токму поради тоа уживам во секој момент, објаснува таа.

Вели дека е дисциплинирана, ги почитува правилата за седење дома, а на тоа ги учи и ќерките Викторија и Ева. И не само тоа, сега со сопругот Мартин имаат повеќе време за себе.

-Моја препорака до сите на кои што им недостасува кафаната и друштвото надвор од дома е „ немојте да жалите по работи кој секогаш ви се на втор план“. Па навистина е така.  Она вистинското  сега се нашите и вашите очи. Не губете трпение. Уживајте ги деновите со полна пареа. Се што треба ќе дојде и ќе пројде. Животот има свои возвишувања и падови. Сега сме на некое ниво каде мораме да бидеме истрајни и да оставиме времето да ни го покаже патот. А ако се мислите која музика да ја слушате? Пишете го моето име на јутјуб и уживајте додека правите колачи, вели таа.