ММС

Заразен Штипјанец бегал од самоизолација

Штипјанец со симптоми на корона вирус, кој пред половина месец се вратил од Англија заедно со првиот и најмал пациент,  не ги почитувал мерките за изолација. Полицијата и епидемиолозите пред неколку дена не го нашле во домот, иако имал решение за задолжителен здравствен надзор. Откако го лоцирале направен му е тест и вчера е потврден дека е позитивен .

„Заедно со полицијата работиме на случајот. Тоа се предмети што се работат по итна постапка, штом ќе биде комплетиран случајот ние ќе изработиме казнен налог“, велат од Основното обвинителство во Штип  за Телма.

Од вчера во Штип  се дуплираше бројот на заболени. 13 пациенти се на домашно лекување, а само еден маж  е хоспитализиран на Инфективно Одделение, кој од вчера го формираше новиот, трет кластер.

„ Поради симтомите покачена телесна температура и кашлица пациентотот бил на ингфективното  одделение два дена пред да саса потврдата дека е позитивен на вирусот Ковид 19. До попладневните часови состојбата му е стабилна и останува згрижен во болница“, вели Ален Георгијев, директор на Клиничка Болница Штип

Во Штип сега има три кластери, во првиот со четиригодишното девојче има вкупно 10, во вториот се брачната двојка и внукот, кои биле на зимување на Копаоник и третиот кластер има едно лице кое е хоспитализирано на Инфективното одделение и не патувал надвор од државата. Епидемиолозите денеска до пладне имаат земено 13 брисеви за тестирање.