ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 12:04 PM

Meркел: Европа мора да ја земе судбината во свои раце

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги претстави своите идеи за поголема интеграција на Европа, меѓу кои и формирањето на заедничка агенција за бегалци, која би одлучувала за барањата за азил на границите од континентот.

Во интервју за весникот Frankfurter Allgemaine Zeitung, Меркел изјави дека во време кога се менува светскиот поредок, Европа мора да биде во можност да делува интерно и екстерно за да биде сериозно сфатена од светот.

Германската канцеларка посочи дека Европа не може во целост да се потпира на други и дека мора да ја преземе судбината во свои раце, алудирајќи на односите со САД.

Сепак, канцеларката се воздржа од отворено критикување на американскиот претседател Доналд Трамп, но го истакна фактот дека САД се повлекоа од меѓународните договори и воведоа царини на увозот на челик и алуминиум за одредени земји, меѓу кои и Европа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1