ММС

Официјално нов датум за Олимписките игри

Интернационалниот олимписки комитет го објави официјалниот нов термин за одржување на Олимписките игри во Токио.

Имено, одлучено е дека ОИ ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.Игрите беа одложени поради ситуацијата со Корона вирусот во договор со владата на Јапонија, кои требаше да се одржат од 24 јули до 9 август оваа година.

„Ројтерс“ пренесе дека Јапонија ќе претрпи големи финансиски загуби бидејќи биле во ОИ биле влоѓени 13 милијарди долари.

Во 2013 година, кога главниот град на Јапонија беше избран за Олимпијадата во 2020 година, беше проценето дека Игрите ќе чинат околу 6,6 милијарди долари, но до крајот на 2019 година, вкупните трошоци скоро двојно се зголемија и достигнаа 12,3 милијарди долари.

Организацискиот комитет инвестираше дополнителни 5,51 милијарди долари во Олимпијадата. Властите во Токио се најдоа на второто место во однос на трошоците, трошејќи само 5 милиони долари помалку од организациониот комитет. Централната влада на Јапонија одвои 1,37 милијарди долари.