ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 12:01 PM

Вечера на Ангела Меркел со Бундестимот

Канцеларот Ангела Меркел сподели дел од искуството и знаењето за Русија со германските фудбалски репрезентативци, кои наскоро заминуваат во земјата-домаќин на светското првенство.

За време на вечера во Италија, Меркел, која владее совршено руски, им раскажала на играчите многу за „земјата и нејзините жители“, соопшти менаџерот на тимот, Оливер Бироф.

„На овој начин канцеларката покажа дека треба да мислиме и надвор од четирите знаменца на теренот. Посетата на Меркел беше корисна за играчите“, изјави претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Рајнхард Гриндел.

Вториот капитен на тимот Сами Кедира додаде: „Таа ни посака успех. Вистински се радуваме кога нѐ посетува. Таа е отворена, човечна, чесна и многу интересна“.

По вечерата со играчите, Меркел оддели време и за фановите пред хотелот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1