ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 11:35 AM

Израел ги бомбардира позициите на Хамас од каде што се лансираат ракети

Откако избија протестите од 30-ти април на границата помеѓу Појасот Газа и Израел, досега животот го загубија над 120 Палестинци, а протестите се проширија и во поголем конфликт.

Авионите на израелското воено воздухопловство само во текот на вчерашниот ден бомбардирале 15 позиции на организацијата Хамас во Појасот Газа, откако претходно во текот на ноќта биле лансирани ракети кон територијата на Израел.

Засега нема информации за загинати и повредени во „размената на ракети“ помеѓу Палестинците и Израелците.

Сето ова се случува само неколку дена подоцна откако од исламистичката група Хамас која што управува со Појасот Газа пристигна соопштение дека било постигнато примирје со Израел.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1