ММС

Објавено на: 03/28/20 7:21 AM

Коронавирус: Состојба во светот

Вкупниот број заразени со Ковид-19, според синоќешните информации, во светот достигна до околу 580.000. Бројот на излекуваните е 130.676, а на починатите 26.477. Според сајтот „Ворлдомитерс“, во моментот бројот на активни случаи е 405.210, од кои 384.122 се со благи симптоми, а во сериозна и во критична состојба се 21.088.

По САД, вчера и Италија ја надмина Кина според бројот на заболени. Италија вчера со 969 мртви (од нив 541 во Ломбардија) го собирила рекордот по починати во еден ден. Вкупниот број починати во Италија веќе е поголем од 9.000, во Шпанија се речиси 5.000.

Според бројот на заразени, по САД, Италија и Кина, следуваат Шпанија, Германија, Иран, Франција, Швајцарија…


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.