– ММС
Спорт Фудбал

Поранешниот претседател на Јувентус го критикуваше Роналдо

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Џили, го критикуваше напаѓачот Кристијано Роналдо за однесувањето во време на карантин. Португалецот го напушти клубот и се врати во татковината.

– Сега е лесно да се критикува, но не ми е јасно зошто дел од играчите замина од Италија. Се надевам дека ќе се вратат што е можно поскоро, затоа што ќе им биде тешко да продолжат со тренинзите, затоа што сепак ќе треба да поминат низ 14-двевен карантин, истакна Џили.

Тој смета дека работите во Јувентус се искомплицираа кога Роналдо го напушти Торино.

– Роналдо беше првиот што си замина, кој рече дека оди кај својата мајка и потоа покажа како се сонча покрај базенот. Во овој момент, се направи отстапка на Роналдо, а потоа Игуаин избега кај својата мајка, по нив некој друг и ситуацијата се влоши. Ова не е нешто што треба да се направи, играчите мораше да остане во клупски карантин, како фудбалерите на Интер, потенцира Џили.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација