– ММС
Вести Македонија

Прилепскиот Центар за јавно здравје ги мапираше сите контакти на заболените и ги стави во самоизолација

Во прилепскиот Центар за јавно здравје очекуваат резултати од Институтот за јавно здравје од Скопје од земените брисеви на лица кои биле во контакт со двајцата заболен, сопружниците над 60-годишна возраст од Прилеп.

Центарот информира дека синот на потврдените лица до Ковид-19, се вратил од Србија на 9 март кога во оваа соседна земја имаше само еден потврден случај на коронавирус.

– Во тој момент Србија беше категоризирана како земја со низок ризик и лицата кои се враќаа од таму, не подлежеа на мерки за самоизолација и здравствен надзор, што значи лицето немало обврска да се јави во Центарот за јавно здравје, соопшти директорката на Центарот, Драгица Николоска.

Во моментов се мапирани сите контакти на потврдените случаи, а со добивање на нови позитивни резултати, епидемиолошкото истражување продолжува. Сите лица кои биле во контакт со првозаболените се во самоизолација и се ставени, со решение од ДСЗИ, под здравствен надзор.

Инаку, во моментов максимален број на скрининг тестови за пунктот во Општина Прилеп е седум тестови на ден, во периодот од 8 до 14 часот. Закажувањето е преку Мој термин кај матичниот лекар. Пациентот на тестирањето со себе треба да носи документ за идентификација.

МИА

Лограње

X

Регистрација