– ММС
Свет

Лекции од коронавирусот според Бил Гејтс

Бил Гејтс и пандемијата се тесно поврзани теми. Со оглед на тоа што тој уште пред четири години предупредуваше дека може да ни се случи она што сега ни се случува.

За време на неговото обраќање на TED Talks, Гејтс предупредуваше дека времето тече, но не е предоцна и дека ако почнеме да се активираме во моментот, ќе биде повеќе подготвени денес.

Во контекст на актуелниот корона вирус, Гејтс во случајов споделува пораки во врска со она што вирусот всушност сака да ни го каже и го потенцира она на што вирусот нè потсетува.

„Нè потсетува дека сите сме рамноправни, без оглед на нашата култура, религија, професија, финансиска состојба или слава. Оваа болест не третира подеднакво, па можеби и ние треба да се третираме така меѓусебно. Ако не ми верувате, прашајте го Том Хенкс.“ – вели Гејтс.

Во однос на тоа дека вирусот нè потсетува дека сите сме поврзани и дека она што влијае на една личност има влијание врз другитем Гејтс додава:

„Не потсетува дека сите лажни граници што ги создадовме имаат многу мала важност затоа што на вирусот не му треба пасош. Тоа нè потсетува, само накратко, за оние ширум светот чиишто животи поминуваат во угнетување.“

Милијардерот резимира дека вирусот нè потсетува колку е вредно нашето здравје и колку далеку стигнавме за да го занемаруваме, хранејќи се со слабо произведена храна и вода за пиење загадена со моќни хемикалии.  Од таму, логично – ако не го заштитиме нашето здравје, секако дека ќе се разболиме.

Она што е најважно да се направи во ситуации кога сфаќаме деа животот е краток, е да си помогнеме едни на други, особено на оние кои се стари или болни.

„Нè потсетува на тоа колку материјалистичко станало нашето општество и како во тешки времиња се сеќаваме на она што ни треба (храна, вода, лекови) наспроти луксузни добра на кои честопати даваме незаслужена вредност. А нè потсетува на важноста на нашето семејство и животот во нашиот дом и колку сме го запоставиле. Тоа нè принудува да се вратиме во нашите домови за да можеме да ги изградиме нашите домови и да ги зајакнеме семејствата.“- додава Гејтс.

Фото: .gatesnotes.com

 

Лограње

X

Регистрација