– ММС
Вести избор на уредник Македонија

УЈП од утре ќе прима странки од 8:00 до 14:00

Управата за јавни приходи (УЈП) од утре го продолжува работното време од 8:00 до 14:00 часот за прием на странки во регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, информираат од УЈП.

– Причина за  оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот Ковид-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од коронавирусот и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси, што ќе им послужи пред Развојната банка на Северна Македонија, велат од УЈП

Оттаму апелираат даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на уверение на линкот е-Даноци. 

Лограње

X

Регистрација