– ММС
Вести избор на уредник Македонија

Негативни се резултатите на сите што биле во контакт со заболените сопружници во Кавадарци

Сите добиени, официјални резултати од референтната лабораторија за вирусологија во Скопје од направените анализи на медицинскиот персонал во кавадаречката болница и луѓето кои биле во контакт со инфицираната докторка и нејзиниот сопруг се негативни.  За ова денеска на прес конференција информираше директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

Тој потврди дека официјално во Кавадарци се евидентирани двајца заболени, една докторка прихијатар и нејзиниот сопруг.

“Веднаш по објавувањето на веста за заразени две лица од министерот за здравство, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци се преземени соодветни заштитни мерки. Имено на сите вработени во болницата и пациентите од невро-психијатриското одделение, кои биле во директен или индиректен контакт со заболените, им се земени брисеви за испитување на овој вирус. Добиените резулати се негативни“ вели д-р Коцев.

Во овој момент на невро-психијатриското одделение не се вршат прегледи и прием на пациенти. Сите останати амбуланти и одделенија во болницата работат нормално.

Директорот на болницата апелираше граѓаните-пациенти да се јавуваат на преглед само во исклучително нужни и итни ситуации, особено пациентите над 65 годишна возраст.

„Ги повикувам сите матични лекари на територијата на општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, примарно да направат строга селекција на итност, согласно состојбата на пациентите“ апелираше директорот на болницата и искажа благодарност со сите што им даваат поддршка на медицинските работници во борбата против оваа болест.

Ангел Данов

Лограње

X

Регистрација