– ММС
Забава

Убавина: Седете дома и сами извадете си го гел лакот

Особено  дамите. Е токму за сите дами кои во овој период не можат да ги посетуваат козметичките салони, а биле редовни, еден совет- нека не очајуваат. Сега е време да научите нешто што сте мислеле дека не ви било потребно. Како на пример како да извадите гел лак во домашни услови, бидејки самоизолацијата ве фати неподготвени.

Едноставно е нема потреба за паника. Потребно ви е ацетон, турпија, буткач или нешто слично на буткач, памук, и алуминиумска фолија.

Најпрвин ќе го извадите сјајот од ноктите и тоа со помош на турпија, потоа ќе ги изматирате. Земате памукче потопете го во ацетон и потоа залепете го врз ноктот, па завиткајте го со алуминиумската фолија. Обвиткајте ги сите нокти и оставете да постои така 20 минути. Потоа нокт по нокт отстранувјте го со помош на буткач.На крај матирајте ги со турпија и ставете завршен сјаен лак за нокти…

Лограње

X

Регистрација