– ММС
Вести Свет

БиХ: Иселеник во Данска ја отстапи својата куќа за болница, таксист бесплатно пазарува за многу луѓе…

Пандемијата на коронавирусот носи страшни проблеми, но од неа можеме да излеземе подобри како луѓе, да им се вратиме на вистниските човекови вредности, сметаат мноумина. Примери на хуманост и солидарност во ова тешко време има многу. Ќе издвоиме два примера од Босна и Херцеговина.

Зијад Ќуровиќ, кој во моментот живее и работи во Данска, ја отстапил својата нова двокатна куќа, со деловни простории на приземјето, за згрижување заразени луѓе од Ковид 19 во Горажде.

„Кога слушнав од мојот брат дека постои проблем со изолацијата која физички мора да биде издвоена од Кантоналната болница, веднаш го понудив мојот објект на користење и да го уредат според медицинските прописи. Мило ми е што надлежните тоа го прифатија. Тоа е најмалку што можам да сторам за својот град“, вели Зијад.

Од Кантоналниот штаб информираат дека капацитетот на објектот е за 15 пациенти, а приземјето ќе служело како амбуланта.

Таксистот Томо Ковачевиќ од Невисиње, пак, деновиве огласил дека им стои бесплатно на располагање на сите кои имаат потреба од купување лекови и неопходни прехранбени продукти во Невесиње и во околината. Веќе имал полни раце работа. Луѓето веќе знаеле за неговата хумана мисија, па го пропуштале преку ред на касите и шалтерите за на време да стигне до оние на кои продуктите им се најнеопходни.

Лограње

X

Регистрација