– ММС
Вести Свет

Kоронавирус: Состојба во светот, во Европа и на Балканот

Многу  нови случаи и починати од Ковид-19 во светот и во Европа. Податоците до синоќа укажуваат дека во светот заразени со вирусот се околу 450.000 луѓе, починале околу 21.315, а излекувани се 112.000. Вчера Шпанија ја претекна Италија според бројот на жртвите за 24 часа, а СЗО предвидува дека следниот епицентар ќе бидат САД.

Во САД досега се заболени околу 60.000 луѓе, а починале повеќе од 800. Во Италија во последниот ден починале 683, вкупно починати се 7.503, а заразени 74.836 луѓе. Во Шпанија се заразени речиси 50.000 лица, во последните евидентирани 24 часа починале 738, а вкупно починати се 3.434, со што за стотина е надминат бојот на вкупно починати во Кина. Во Франција има заразено околу 25.000 луѓе, а починати се 2.827, во Велика Британија за 24 часа починале 28, а вкупниот број починати е 414…

Со 528 заразени и петмина починати, Словенија е водечка од земјите што произлегоа од СФРЈ. Хрватаска има 442 заразени и еден починат, Србија – 384 заразени и четири починати, Косово – 71 заразен и еден починат, Црна Гора – 53 заразени и еден починат, Босна и Херцеговина, исто како и Македонија, има 177 заразени и тројца починати. Албанија, која вчера прогласи вонредна состојба, има 146 заразени и петмина починати.

Лограње

X

Регистрација