– ММС
Вести Македонија

Ќе ве заштити ли автомобилот од зараза, се очекува автомобилската индустрија да ќари од Коронавирусот

Кризата може да создаде позитивен тренд и можности во автомобилската индустрија, откриваат резултатите од Студијата направена на пазарот на автомобили во Нирнберг, Германија.

Според проучувањето барем 55% од Германците најавуваат дека таа ги тера да минат од јавен транспорт кон автомобилите, со оглед на тоа што таму се позаштитени од инфекција. Во однос на купувањето на автомобили, 29 проценти го одлагаат планираното купување на автомобили поради несигурноста, која е предизвикана од пандемијата. Од друга страна,пак, околу осум проценти најавуваат дека ќе помогнат да се засили кризата при купување на автомобили. Меѓу најголемите „автокритичари“ се помладите лица, а оваа бројка е дури 18 проценти.

„Очигледно заштитата од инфекција промовира не само користење, туку и купување на автомобили. Времето после коронавирусот ветува дека ќе биде возбудливо за автомобилската индустрија, а само 28 проценти од Германците најавуваат дека тој нема да влијае на купувањето и користење на автомобили“, вели раководителот на проучувањето д-р Конрад Везнер.

Лограње

X

Регистрација