– ММС
Падна косовската Влада, изгласана недоверба на Курти
Свет

Падна косовската Влада, изгласана недоверба на Курти

Вечерва со 82 гласа „За“, 32 гласа „против“ и еден воздржан пратениците изгласаа недоверба во владата предводена од Албин Курти.

На денешната маратонска седница во Собранието на Косово, на дневен ред била ставена точката за гласање на доверба на владата на Албин Курти, кој претходно без консултација го разреши Агим Велиу министерот за внатрешни работи и кадар од ЛДК.

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието, која започна непосредно пред 12:00 часот и продолжи во текот на целиот ден, до нешто пред полноќ.

Колапсот на Владата доаѓа во време кога Косово, како и сите други земји во светот, се соочува со пандемија на коронавирус, што предизвика блокада и вонредна состојба.

Извор: ТВ 21

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Лограње

X

Регистрација