– ММС
Вести Македонија

Вработен во штипски ЈП „Исар“ со кривична за делото „Проневера во служба“

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.З.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Имено пријавениот, вработен во Јавното претпријатие „Исар“ Штип, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во текот на јануари 2020, во два наврата присвоил парични средства во вкупен износ од 135.241 денари, и тоа на 22.01.2020, средства во износ од 26.041 денари, кои му биле дадени од вработената за да ги однесе од наплатниот центар во населбата Сењак до благајната на ЈП „Исар“, а во вториот случај, на 27.01.2020, паричен износ од 109.200 денари, кои од вработената во благајната му бил доверен да го уплати во банка во Штип, на сметката на ЈП „Исар“, соопшти СВР Штип.

Лограње

X

Регистрација