– ММС
Вести Македонија

Филипче: Вакцинирањето на учениците може да се одложи за два до три месеци

Новороденчињата и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Во однос на опасноста од ширење на вирусот при учество на верски собири, Филипче повтори дека забраната за масовни собири од Владата важи за сите.

-Има важечка забрана за какви било масовни собири од страна на Владата. Никој не би требало да повикува ова да се прекршува без оглед на тоа кој е организаторот, истакна Филипче.

Лограње

X

Регистрација