ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 10:20 AM

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните му порачаа на СДСМ дека се против распродажбата на националните интереси

Граѓаните на Република Македонија излегоа масовно и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против распродажбата на државните и националните интереси.

Граѓаните гордо и исправено се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта. Граѓаните покажаа дека повеќе не се плашат на заканите и притисоците на Заев и неговиот картел и порачаа дека време е да се стави крај на лажните ветувања, злоупотребата на институциите и уништувањето на државата.

Граѓаните на Република Македонија упатија порака до власта дека не смее повеќе државата да тоне, еконимијата да стагнира, а институциите да бидат заробени од картелот. Тие кажаа дека не сакаат повеќе да ги води неспособна и безидејна власт која спасот го бара во продажбата на државните интереси.

Откако е СДСМ на власт, граѓаните се повеќе осиромашуваат, а картелот на Зоран Заев се повеќе се богати. За една година повеќекратно го зголемија своето богатство. Го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1