– ММС
Вести избор на уредник Македонија

Свештеници од Кавадарци против корона вирусот

Со молитви, света вода и темјан свештениците од кавадаречките храмови денеска ги обиколија улиците во Кавадарци. Прскаа света вода и кадеа со темјан против корона вирусот. Порачаа дека не треба верниците да се оддалечуваат од храмовите, туку напротив, да се молат на Бога и да ги целиваат иконите.

Беше прочитано и послание од Митрополитот на Повардарската Епархија г.Агатангел во кое се изнесени многу критики за мерките за превенција.

„Во сите заштитни мерки против вирусот се препознава вирусот на неверието. Први кои кажаа да се затворат храмовите и да не се служи света литургија се оние лажни верници кои никогаш не се причестиле. Ѓаволот не мирува и не спие и сака да ги оддалечи луѓето од светата причест. Сведоци сме на такви дејства, насочени против крштевките и причестувањето. Во време на пандемија, кога секаде се труби за тоа, фабрики со стотици вработени работат со полна пареа. А нас ни кажуваат дека во храмовите ќе се заразале од причест! Болни од разни болести, лепрозни и со туберколоза се причестувале, па свештениците останувале живи и здрави, а како што гледаме и самите, долговечни и со добро здравје “ пишува во посланието од владиката.

Граѓаните со поделени коментари околу оваа активност на свештениците. Едни го одобруваат шетањето по улици, други велат дека не е време за вакви активности.

Ангел Данов

Лограње

X

Регистрација