– ММС
Свет

Истражување: Дали коронавирусот “побегнал” од нечија лабораторија?

Теориите на заговор наведуваат дека коронавирусот е вештачка креација, а еве што велат научниците.

Списанието Live Science објави истражување од научници од американскиот институт Scripps, кои тврдат дека коронавирусот е создаден по природна селекција, а не од генетско инженерство.

Во текстот наречен „Коронавирусот не побегнал од лабораторија, еве како тоа го знаеме“, списанието наведува дека истражувањето укажува на тоа дека коронавирусот настанал природно, а не дека е направен во лабораторија.

Научниците ги анализирале “шилата” на површината на вирусот и начинот на тоа како тој се закачува за клетките на домаќинот, и нивните протеини се резултат на природна селекција, а не на генетско инженерство. Компјутерските симулации на вирусот не покажуваат дека во тоа би бил толку добар, па научниците сметаат дека некој кој би сакал да создаде вирус не би избрал модел за кој компјутерот покажува дека не функцинира.

„Природата, во таа смисла пронајде поуспешен пат отколку што би пронашла науката“, пишува Live Science.

Молекуларната структура на вирусот се разликува од познатите сродни видови, што е уште еден доказ дека не е создаден во лабораторија, туку дека преминал од лилјаци и други животни на луѓето.

“Молекуларната структура е толку различна што повеќе потсетува на вируси кои се пронајдени кај лилјаци, кои не се многу проучувани затоа што никогаш не им наштетиле на луѓето. Ако некој сакал да направи нов вирус како патоген, би избрал да го изгради спрема структурата на постоечкиот вирус кој докажано им штети на луѓето“, се наведува во списанието.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација