ММС

Корона разводи- Уживаа во зафатен живот, сега се затворени во карантин и тешко им е заедно, зголемен број на разводи по пандемијата во САД

Врвните адвокати за бракоразводни парници забележуаат пораст од 50 отсто на барања од потенцијални клиенти, пренесува весникот „Њујорк пост“. Медиумите пренесуваат дека зголемувањата за барање за развод се забележуваат кај паровите кои се во карантин поради Корона вирусот, и кај двојките под финансиски стрес. Според експертите за семејно право на Менхетен, двојките принудени да поминуваат време заедно во карантин не се снаоѓаат добро.

Дополнителна причина за бран разводи кај богатите двојки се  драматичните падови на финансиските пазари.

Адвокатот за развод кај богатите во Њујорк, Вилијам Д. Забел, потврди дека имале за педесет отсто зголемен број повици изминатата недела од луѓе кои бараат застапување за постапки за развод.

„Луѓето кои уживаа во зафатен живот одеднаш се наоѓаат затворени заедно, во време на неверојатна вознемиреност. Ако богатите луѓе бараат причина за развод, економскиот пад е често мотивација, нето вредност на побогатиот сопружник е помала, и затоа спогодбата би можела да биде помала. Очекувам дека ќе има голем број случаи на развод од висок профил во наредните месеци вели тој“, пишува „Њујорк пост“