ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 10:13 AM

Спремете се за ново силно невреме

Во текот на денешниот понеделнички ден времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерен алокална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен и од западен правец, стои во временската на Славчо Поповски.

Попладне и навечер претежно во северните и североисточните предели а подоцна и во источните предели ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Нестабилноста ќе има правец на движење ( север – североисток – исток – југоисток)

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1