– ММС
Забава

„Врба“ на Милчо Манчевски в недела во 22 часот на МТВ

Најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски светска телевизиска премиера ќе доживее в недела во 22 часот на  на Првата програма на Македонската телевизија. Со прикажувањето на „Врба“ ќе биде заокружен циклусот, #Седидома со Милчо, на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис, а со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот.

По светската премиера на „Врба“ во октомври 2019 на црвениот ќилим на Филмскиот фестивал во Рим, каде беше примен со петминутни овации, филмот ја имаше македонска премиера на 1 ноември. Во месеците што следеа шестиот игран филм на Манчевски ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија. Ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери во киносалите во Скопје и низ земјава.

Во рамките на циклусот, пак, на 28 март (сабота) во 22 часот на МТВ1 ќе биде прикажан филмот „Прашина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Лограње

X

Регистрација