– ММС
Вести избор на уредник Македонија

Во Општина Гевгелија се самоизолирани 250 лица

Во домашна самоизолација моментно се наоѓаат 250 лица од општина Гевгелија кои изминатиов период се вратиле дома од други земји. Ниту еден од нив, според епидемиологот Сашо Олумчев, нема симптоми на Ковид-19.

– Сите лица кои се во самоизолација, како што самите изјавуваат по телефон, се чувствуваат добро, рече денеска епидемиологот Олумчев, кој потврди дека од вчера во подрачната единица на гевгелискиот Центар за јавно здравје е отворен и пункт за тестирање за сомнителни и позитивни пациенти.

Епидемиологот Олумчев појасни дека тестирањето на граѓаните ќе се врши со посебни протоколи во договор со матичните лекари и преку „Мој термин”.

Тој апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и доколку имаат типични симптоми да се јават кај нивните матични лекари кои преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестираат или не

Лограње

X

Регистрација