Малку оптимизам: Топлото време и влагата можат да го сопрат ширењето, на 30 степени коронавирусот не преживувал - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/25/20 10:22 AM

Малку оптимизам: Топлото време и влагата можат да го сопрат ширењето, на 30 степени коронавирусот не преживувал

Долго време се шпекулира дека коронавирусот ќе се однесува слично како и дугите вируси кога ќе дојде потопло време. Се чини, има надеж за такво нешто, а тоа го покажува најновото кинеско истражување, пренесува загрепски „Јутарњи лист“.

Повисоките температури и повисоката влага би можеле да го забават ширењето на коронавирусот, тврдат научниците од кинеските универзитети во Беиханг и Тсингху. Во студијата со резултатите од ситражувањето се наведува дека потоплото време може да влијае врз пандемијата, но се додава дека само тој фактор нема да го сведе бројот на заразени на нула.

Сепак, научниците овој пат внесоа малку оптимизам во тешката ситуација во светот зашто се покажало дека коронавирусот не може да преживее, на пример, на 30 Целзиусови степени. Научниците се убедени дека ригорозни мерки како карантин, и потоплото време во следниот период ќе бидат клучен фактор за смирување на пандемијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7