ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 9:47 AM

Летонските одбојкари ги поразија македонските

Одбојкарската репрезентација на Летонија ја порази македонската со 3:0 во СРЦ „Кале“ во 5.коло од Европската лига. За Македонија ова беше четврти пораз и втор од Летонците во А-групата од Сребрената лига.

„Црвено-жолтите“ заслужија да освојат барем еден сет, а блиску да го направат тоа беа во првиот кој го загубија со 28:26 и во вториот кој заврши со 29:27 за гостите. Третиот Летонците го добија со убедливи 25:17.

И покрај слабиот биланс по пет натпревари, Македонија ќе игра на завршниот Ф4 турнир, бидејќи обезбедува директен пласман како домаќин.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1