– ММС
Забава

Ако ставите позајмена маска на лице е исто како да сте ставиле туѓи гаќи на уста

Маските секако дека служат за заштита, но највеќе за луге кои веќе имаат некоја инфекција за да не ја рашират на другите. Тие содржат заштитни премази и материјали кои го намалуваат ризикот да вдишите патоген, а мора да бидете и стерилизирани пред да ги ставите на лице, вели хрватскиот лекар Милан Мазалин.

Тој вели дека правилното користење подразбира дека маската треба да ја смените при секое влегување или излегување од некој простор, а пред воопшто да ја пипнете треба прво да ги соблечете ракавиците и да ги измиете рацете, па дури потоа внимателно да ја симнете маската.

– Маската никако не се користи по неколку пати бидејки евентуалните патогени  се задржуваат во неа а ако ја пипкате со ракавиците, со кои сте пипкале различни површини е исто како да ја фатите со валкани раце. Во дневна заштита испаѓа дека маската е само психолошка заштита.  Треба да ја фрлите веднаш откако дошла во контакт со инфекција. Памучните маски може да се перат, да се пеглат, но не се некоја битна заштита, вели Мазалин и додава:.

– Маската се користи индивидуално. Ако земете туѓа маска и ја ставите на лице, тоа е исто како да сте ставиле нечија долна облека на уста.  Бидејки доколку е другиот заразен не само со корона туку и со обичен грип ако ја ставите маската ќе се пренесе на вас, вели доктор Мазалин за хрватскиот сајт 24sata.hr.

Лограње

X

Регистрација