ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 10:08 AM

Не важат трговските преговори ако САД постават санкции, се закани Кина

Официјален Пекинг предупреди дека сите трговски преговори меѓу Кина и САД ќе пропаднат, доколку Вашингтон воведе трговски санкции. По разговорите меѓу кинескиот вице-премиер Лиу Хе и американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, Кина најави дека е подготвена да ги зголеми извозите од многу држави.

Во меѓувреме, членките на Г7 остро ги осудија амеирканските тарифи за увоз на челик и алуминиум. Францускиот министер Бруни Ле Маир предупреди дека трговска војна може да избувне во следните денови.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на Твитер обвини дека САД со години биле оттурнати од трговијата од страна на другите земји. Тој нагласи дека тарифите ќе ги заштитат американските производители на челик, кои, како што порача Трамп, се од витално значење за националната безбедност. Тој исто така се пожали и на бариерите со кои се соочуваат американските компании во Европа и на други места. Тој порача дека е време да се биде паметен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1