– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

(фото)Снегот го отежна сообраќајот на Плетвар

Забавено и отежнато движење на возилата на планинскиот превој Плетвор. Слушател на Канал 77 испрати фотографија, како сведоштво на снежните услови за одвивање на сообраќајот.
Снег се најавува и во наредните два дена. Според метеролозите, утре и во среда ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од снег. Најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Потоа до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Лограње

X

Регистрација