ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/23/20 3:46 PM

Алгоритам одлучува кој ќе биде тестиран на 14-те пунктови низ државата

Од денеска се отворени 14 пунктови за тестирање. Граѓаните може да се тестираат само со упат на матичните лекари. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој ја објасни постпаката за тестирање.
-Секој граѓанин се јавува кај матичниот лекар, ќе каже симптоми и анамнеза и по алгоритамот ќе укажат дали е потребно или не и кој е степенот на итност. По тоа, ако треба, се закажува тестирање во Мој термин на еден од пунктовите. Во Скопје тоа се Поликлниката „Јане Сандански“ и Поликлиниката во населбата Ченто, објасни министерот Филипче.
Ќе бидат земени брисеви и соодветно испитани и согласно тестот и состојбата ќе биде земен став каде ќе се лекува –во домашни или болнички услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1