– ММС
Спорт Фудбал

Мбапе најскап во свет, Меси дури осми, Роналдо не е меѓу 10-те

За многумина Лео Меси е најдобриот играч на сите времиња, но моментно тој не е ниту блиску на листата на највредни фудбалери во светот, според „Трансфермаркт“.

Аргентинецот е на осмата позиција, а Португалецот Кристијано Роналдо воопшто го нема во првата десетка.

1.Килијан Мбапе – (ПСЖ) – 200 милиони евра
Со само 21 година има освоено Светско првенство, а како од шега ги тресе мрежите во Лига 1. Има уште многу да понуди.

2. Рахим Стерлинг – (Манчестер Сити) – 160 милиони евра
Крилото на англиската репрезентација вреди исто колку и Нејмар, а неговото напуштање на „Итихад“ не изгледа како нереална опција.

3. Нејмар – (ПСЖ) – 160 милиони евра
Вредноста на Бразилецот падна од времето кога ја напушти Барселона, во 2017 година. Сепак, неколку клубови се силно заинтересирани за неговите услуги.

4. Садио Мане – (Ливерпул) – 150 милиони евра
Уште еден играч кој игра одлично под водство н Јирген Клоп, во екипата која е на чекор до титулата во Премиерлигата.

5. Мохамед Салах – (Ливерпул) – 150 милиони евра
После неколку одлични сезони на „Енфилд“, неговата цена растеше, останува да се види дали таа ќе падне со испаѓањето на „црвените“ од ЛШ сезонава.

6. Хари Кејн – (Тотенхем) – 150 милиони евра
Симболот на Тотенхем и на Англија, еден од најубиствените напаѓачи последниве 5 години. Сега има мака со повреда.

7. Кевин де Брујне – (Манчестер Сити) – 150 милиони евра
Еден од најважните играчи во тимот на Пеп Гвардиола.

8. Лео Меси – (Барселона) – 140 милиони евра
Меси има откупна клаузула од 700 милиони евра, но има и слобода летово да си оди како слободен играч.

9. Џејдон Санчо – (Борусија Дортмунд) – 120 милиони евра
Крилото на Борусија (Д) е еден од напаѓачите кој најмногу ветува, а зад има две одлични сезони откако го напушти Сити. Без сомнеж тој ќе биде еден од најбараните летово.

10. Антоан Гризман – (Барселона) – 120 милиони евра
Французинот за истата сума минатото лето од Атлетико прејде во Барса.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација